Изненадување од Mercedes

77

Искористувајки ги социјалните мрежи, Mercedes-Benz објави тизер-фотка на импресивен и екстравагантен автомобил, кој најверојатно ќе дебитира за време на Pebble Beach Concours d’Elegance следната недела.

 

Единствената информација која ја нудат од Mercedes-Benz за возилото е онаа дека тој е долг речиси 6 метри или за 1.5 метар повеќе од актуелната AMG GT и за 80 cm во споредба со предводникот S-класа.

 

Новата изведба на Mercedes-Benz ќе биде претставена по подмарката Mercedes-Maybach на автомобилскиот гигант, а ќе ни овозможи да „ѕирнеме“ во идниниот развој на дизајн на компанијата, како и во нејзините футуристички погонски системи, вклучувајки и целосно електрични.

Извор : avtoplus.mk

Сподели