Време е за нешто здраво и вкусно: 7 одлични идеи за летна ужина!

155

Ужината е важна како и самиот оброк. Честопати ни се случува да не бидеме сигурни за тоа што би требало да изедеме помеѓу појадокот и ручекот или ручекот и вечерата. Сепак, едно е сигурно, сакаме тоа да биде нешто вкусно, а сепак здраво. Баш поради таа причина, со вас споделуваме 7 сјајни идеи за идеални ужини во текот на летните денови.

 

1. На чепкалки за заби наредите шери домат, моцарела сирење и рокула. Вие не само што вие ќе уживате во здравиот и вкусен залак, туку ќе можете да направите и забава за вашите пријатели кои ќе ги почестите со ова вкусно мезе.

 

2. Исто така, лубеницата, за која е докажано дека ги топи маснотиите, одлично одговара со фета сирење и краставица, па можеме да кажеме дека ова е уште една интересна идеја. А, доколку ја сервирате на декоративен начин, сигурни сме дека оваа ужина дефинитивно ќе ви го освои срцето.

 

3. Крекерите можете да ги јадете заедно со феноменална солена салата која што ќе ја направите од исечкани маслинки од различни видови, измешани со лимонов сок, оригано, лук, магданос, маслиново масло и бибер. Сигурни сме дека оваа салата веќе ви звучи интересно, а најдобро од сè е тоа што можете да ја чувате во фрижидер неколку дена.

 

4. Ужината која секој би ви ја препорачал е овошна салата. Повторно, без разлика дали сте сами или со пријателите, направете нешто декоративно што ќе ве натера да ја посакате токму таа ужина. Па затоа, наместо во чинија, овошната салата послужете ја во корнет.

 

5. Парче леб, сирење, шери домат и исечкан спанаќ е комбинација од соништата кога станува збор за сендвич! Нема многу калории, а сепак е вкусно и дефинитивно ќе ви помогне да „преживеете“ помеѓу два оброка. Откако ќе ги наредите сите состојки, немојте да заборавите да ги попрскате со малку маслиново масло. Сигурни сме дека ова ќе биде вашата омилена ужина.

 

6. Ако немате често можност да јадете грашок на скара, прелиен со маслиново масло, со додаток на малку бибер и сол, сега е совршеното време за тоа. Најверојатно не сте знаеле дека за оваа ужина е потребно толку малку време, а дека е повкусна и поздрава од кои било други грицки кои досега сте ги купувале.

 

7. Исто така, можете да направите и ананас на скара, со тоа што ќе додадете малку сечкано нане и сол. Можеби оваа комбинација ќе стане една од вашите омилени ужини.

 

Сите овие идеи, како што споменавме, можете да ги искористите за летна журка, дружење со пријателите или едноставно да ги направите за вас и вашето семејство.

извор: кафепауза

Сподели