Ледено задоволство: Сладолед со сите бои на виножитото

170

Слатко и здраво овошно уживање кое ќе ве освежи и ќе расположи со својата разиграност и колоритност.

 

Потребни состојки:
  • 250 милиграми замрзнати малини
  • 250 милиграми замрзнати јагоди
  • 250 милиграми замрзнато манго
  • 370 милиграми замрзнат ананас
  • 250 милиграми млад спанаќ
  • 750 милилитри грчки јогурт од ванила
Начин на подготовка:

Во блендер ставете 250 милиграми овошје и 170 милиграми грчки јогурт и миксајте сѐ додека состојките не се соединат. Од 370 милиграми ананас, оставете на страна 170 милиграми. Потоа постапката повторете ја и со преостанатите замрзнати овошки додека не стигнете до спанаќот. Блендерот чистете го после секоја боја.

Спанаќот измиксајте го со преостанатите 170 милиграми замрзнат ананас и префрлете ги состојките во чинии. Во калап слоевито ставете по ¼ од секоја боја и водете се според виножитото. Наместете ги стапчињата и замрзнете додека не добиете цврста смеса, односно околу 4 часа. За лесно отстранување, држете ги сладоледите околу 20 секунди под млаз топла вода. Во продолжение погледнете го видеото во кое детално се објаснува целата постапка.

извор: кафепауза

Сподели