Странски стриптизети приведени во ноќен клуб на автопатот Тетово-Гостивар

Единаесет стриптизети биле приведени во рација на полицијата синоќа по полноќ во ноќен клуб на автопатот Тетово-Гостивар.

Полициските службеници од Региналниот центар за гранични работи Север презеле мерки и активности за пронаоѓање на нелегално вработени странски државјани. Во 01.30 часот влегле во угостителскиот објект во сопственост на А.А. за да извршат контрола. Во кафаната биле затекнати единаесет странски државјанки како танцуваат и ги забавуваат присутните.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели