Битолска театарска премиера на „Сон на летната ноќ“ 

 

„Сон на летната ноќ “ е претставата од Вилијам Шекспир што од утре ќе се најде на редовниот репертоар на битолскиот народен театар. Режијата е доверена на големиот познавач на шекспировиот опус Џон Блондел.

Пиесата  „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир од утре премиерно ќе се најде на сцената на Битолскиот народен театар. Темпераментна и фасцинантна  претстава која вклучува 17 актери сцена, а режијата му е доверена на Џон Блондел , беше соопштено на денешната прес конференција.

Праизведбата  оваа престава  ја имаше на Охридско лето, а од утре ќе се најде на редовниот  репертоар на битолскиот театар.

Блондел прв пат ја режирал оваа драма во 1990 година . Омилена му е и според него тоа е најдобрата комедија на Шекспир.

 

Во претставата „Сон на летната ноќ“ настапуваат актерите Петар Горко, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Маја Андоновска Илијевски, Слободан Степановски, Александар Стефановски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска Дранговска, Петре Спировски, Соња Михајлова, Јулијана Мирчевска, Валентина Грамосли, Менка Бојаџиева, Јулијана Стефановска и Елена Моше.

Оваа претстава е претпоследниот проект на театарот за оваа година финансиран од Министерството за култура на РМ. До крајот на годината премиерно ќе биде поставена претставата Коцкар“ на Достоевски во режија на Дејан Пројковски.

Директорот на  Народниот театар Битола Иван Јерчиќ денеска информираше и за останатите активности на ансамблот на театарот. Вчера се вратија од Израел каде по третпат учествуваат на Интернационалниот фестивал во Акко каде гостуваа со претставата „Шекспир засекогаш“. Претходно гостуваа и на фестивал во Цетиње.

Наскоро, по повод 14 ноември роденденот на театарот, ќе се започне со работа на новата претстава „Крвави свадби“ на Лорка во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, проект кој ќе се реализира со сопствени средства на театарот, информираше Јерчиќ.

 

Сподели