10 дизајни само за оние со вишок пари

Многу често се вели дека е подобро да се купи нешто поскапо што ќе трае, отколку евтино што не е квалитетно, па ќе мора неколкупати да го обновувате.

10-bezobrazno-skapi-predmeti-koi-se-razlikuvaat-od-obichnite-samo-po-cenata-01.jpg

Но, дали тоа има смисла и за вртоглаво огромни суми, посебно кога функционалноста на овие скапи работи, не се разликува воопшто од онаа на поевтините?

Секако дека не. Но, во светот постојат толку многу скапи работи, кои се наменети само за оние кои сакаат да живеат луксузен живот од секој аспект.

Сепак, цената на одредени предмети може да ги изненади дури и оние кои „фрлаат“ пари на сѐ.

Погледнете кои се тие:

Јајцевидно детско креветче – 17 милиони евра

Цената на ова креветче од шпански дизајнер е толку голема бидејќи е целосно направено од 24-каратно злато, а има и поедноставен модел од 18-каратно злато, за „само“ 220.000 долари.

10-bezobrazno-skapi-predmeti-koi-se-razlikuvaat-od-obichnite-samo-po-cenata-02.jpg

Часовник од нерѓосувачки челик – 9 милиони евра

Овој часовник е еден од 4-те останати од серијата од 1943-та година, па тоа е и причината за големата цена.

10-bezobrazno-skapi-predmeti-koi-se-razlikuvaat-od-obichnite-samo-po-cenata-03.jpg

Телефон со рубини – 305.000 евра

Декориран е со неколку дијаманти и кобра направена од рубини и смарагд. Телефонот на купувачите не им се доставува преку пошта, туку исклучиво со специјален хеликоптер.

10-bezobrazno-skapi-predmeti-koi-se-razlikuvaat-od-obichnite-samo-po-cenata-04.jpg

Златно домино – 129.900 евра

За оние кои сакаат да играат домино, но со стил, овој луксузен златен сет комбиниран со дијаманти е одличен избор. Мислите дека некој би го купил?

10-bezobrazno-skapi-predmeti-koi-se-razlikuvaat-od-obichnite-samo-po-cenata-05.jpg

Скапоцено шише за бебиња – 116.000 евра

Уште едно нешто што го користиме во секојдневието за многу помалку пари, сега со поразличен дизајн и огромна цена. Ова шишенце за бебиња е направено од бело и розово злато.

10-bezobrazno-skapi-predmeti-koi-se-razlikuvaat-od-obichnite-samo-po-cenata-06.jpg

Златен iPhone – 59.860 евра

Смартфоните на Apple се секако скапи, а за оние што сакаат да водат полуксузен живот, постојат и такви од злато, платина и дијаманти.

10-bezobrazno-skapi-predmeti-koi-se-razlikuvaat-od-obichnite-samo-po-cenata-07.jpg

Позлатена када во вид на лежалка – 53.523 евра

Оние кои патат за луксуз, можат да се бањаат во оваа позлатена „лежалка“ за „само“ 53.523 евра.

10-bezobrazno-skapi-predmeti-koi-se-razlikuvaat-od-obichnite-samo-po-cenata-08.jpg

Накит за очи – 13.300 евра

Индиските дизајнери се надминаа себеси со овие контактни леќи, а производителите тврдат дека златото и дијамантите не им пречат на очите.

10-bezobrazno-skapi-predmeti-koi-se-razlikuvaat-od-obichnite-samo-po-cenata-09.jpg

Златни слушалки со дијаманти – 8.500 евра

Оние кои би си купиле златен iPhone, можат да го искомбинираат со овие слушалки.

10-bezobrazno-skapi-predmeti-koi-se-razlikuvaat-od-obichnite-samo-po-cenata-10.jpg

Чипс, 5 парчиња – 47 евра

Најскапиот чипс во светот се произведува во Шведска и се состои од мацутаке печурки, морска трева, домашен кромид и индиско пале але пиво.

10-bezobrazno-skapi-predmeti-koi-se-razlikuvaat-od-obichnite-samo-po-cenata-11.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели