Пет најчести грешки во негата на фарбана коса

Хемикалиите во боите за фарбање коса го прават влакното понежно и поподложно на оштетување, па затоа на фарбаната коса ѝ треба подолга и подобра нега за да ги задржи цврстината, сјајот и убавината.

Има некои работи што треба да престанеме да ги правиме бидејќи се погрешни чекори во режимот на нега на косата, како на пример, да почекате пред првото миење на косата по фарбањето. На косата ѝ треба некое време да ја впие и задржи бојата, па би било пожелно да почекате барем ден-два пред повторно да ја измиете косата по миењето од фарбата. Секако, користете шампон за фарбана коса, по можност за нијансата што ја користите.

Ова се петте најчести грешки во негата на фарбана коса:

Премногу топлина

Фенот, пеглата и виткачот за коса ги оштетуваат влакната и на нетретирана коса, а кога е фарбана шетата е уште поголема и повидлива. Изложеноста на преголема топлина ја избледува бојата и го суши влакното, па најдобро е да го сведите користењето на овие апарати на минимум.

Заборавате на регенераторот

Дури и ако сте немале потреба да користите регенератор кога не сте ја фарбале косата, на фарбаната коса тоа ѝ е потребно за да изгледа негувано и свежо, Регенераторот не само што помага за обновување на оштетеното влакно, туку остава и заштитен слој што ја чува бојата.

Не користите производи за нега

На фарбаната коса ѝ е потребна дополнителна нега бидејќи го губи сјајот со секое миење. Особено ако се фарбате во некоја од русите нијанси, дополнителната заштита со пакувања, масло, силиконски капки и слични проиводи е задолжителна, а не само пожелна.

Грубо ја сушите

Сушењето коса со пешкир во секој случај е подобро од фенирање, но сепак не ја бришете косата со груби потези бидејќи мокрото влакно е покршливо и понежно од сувото. Најдобро е 5-10 минути да ја чувате косата замоткана во памучна маица што ќе ја апсорбира влагата, а потоа досушете ја природно.

Извор – https://kajgana.com/

Сподели