Дубаи ќе инсталира кабини кои го скенираат лицето на аеродромите

„Dubai International Airport“ дојде до револуционерна идеја за да ја зголеми безбедноста. Тие ќе инсталираат кабини во кои ќе има скенери за лице, како би дознале точно кој излегува од аеродромот.

Според извештајот кој го објави The National, кабината, или „виртуелниот аквариум“, како што го нарекуваат тие, ќе биде опремена со 80 камери кои ќе го скенираат лицето на оној кој проаѓа низ неа.

Ѕидовите на „аквариумот“ ќе прикажуваат слики од пејсажи, како што се пустини, планини, и понекогаш ќе прикажуваат реклами. Кога лицето ќе ја помине целата должина на кабината, доколку го помине тестот ќе биде поздравен со „Имајте пријатен лет“, а во спротивно кабината ќе испушти црвен сигнал кој значи дека лицето е сомнително.

Кабината не ја крие камерата, туку намерно ги прикажува пејсажите за луѓето да разгледуваат наоколу, како би добиле подобро скенирање на целото лице.

„Гледањето во пејсажи е интересно за секого, но на крајот од денот, на нас ни помага за да добиеме подобар скен на лицето на оној кој поминува низ ‘аквариумот’“, рече мајорот Ген Обаид Ал Хамири, заменик-директор на резиденцијата на Дубаи за надворешни работи.

„Dubai Airport“ ќе ја инсталира првата ваква кабина веќе во 2018 година, а се очекува до 2020 година сите аеродроми во државата да бидат опремени со истата технологија.

 Извор – https://kajgana.com/
Сподели