Телефонот Chilli е истовремено и фиџет спинер

Една од најпопуларните играчки годинава беше фиџет спинерот, кој летово беше тема на разговор во секое друштво. Сега, на пазарот се појави и мобилен телефон со истиот облик.

Малиот мобилен телефон го произведе компанијата „Chilli International“ од Хонг Конг и тој е веќе во продажба. Тој доаѓа со 1,4 инчен екран, а достапен е во 6 бои. Внатрешната меморија е само 32 мегабајти, но постои можност за мемориска картичка.

Јасно е дека се работи за екстремно едноставен телефон без апликации, но тој има вградено интернет пребарувач и Bluetooth опција.

Но секако, атрактивноста на телефонот е неговиот изглед, бидејќи тој е ист како фиџет спинерите кои беа популарни летово. Производителите на фиџет спинери велат дека тие се идеални за ослободување од стрес, па тоа можеби ќе го подигне и интересот за овој телефон.

Цената на телефонот е само 20 долари и моментално се продава само во Индија.

Извор – https://kajgana.com/

Сподели