Како патува кралското семејство: Строг протокол кој со векови не се менува

Планирањето на патувањата, а посебно на семејните, знае да биде напорно. Стресот расте дополнително доколку сте кралско семејство кое со векови почитува строга традиција дури и за време на честите патувања. Како се подготвуваaт британската монархија и нејзините членови за патувањата?

Кога на пат заминуваат членовите на британската круна, сè  мора да биде внимателно испланирано до најситен детал. Еве на што сè обрнуваат внимание кога се подготвуваат за патување.

Бројот на придружен персонал

Кралицата Елизабета II најчесто на своите патувања води упште 34 членови на приватниот персонал. Ова ги опфаќа одделот за угостителство, логистика, но и приватниот асистент и неговиот заменик и уште четири помошници асистенти. Тука се уште двајца стилисти, собарки, но и портпароли кои ги дочекуваат медиумите.

Безбедноста е најважен критериум

Најголемиот приоритет за време на патувањата на кралското семејство е безбедноста. Бидејќи се работи за важни членови на монарјихата кои еден ден ќе ја наследат круната, нивниот живот е пред сè. Затоа, за време на нивните патувања, со нив патува доктор, но и цела гарда телохранители. Кралицата има и осум полициски чувари кои ја следат во чекор.

Персонализиран багаж

Секој член на кралското семејство има персонализиран багаж кој се разликува по шифра, боја и монограм. Така на пример, багажот на малиот принц Џорџ е со светлосина боја.

Посебна облека за патувањата

Сите членови се елегантни и дотерани во склад со пригодата, бидејќи за официјалните патувања на кралското семејство однапред се одбира гардероба. Така на пример, војвотката од Кембриџ секогашш пакува облека која одговара на традиционалните бои на државата во која патува.

Но, едно правило околу облеката отсекогаш е исто – сите припадници на кралското семејство, мораат во багажот да носат и црно одело или фустан, во случај да почине некој од членовите на дворот.

Извор – https://kajgana.com/

Сподели