Тројца ученици повредени во тепачка во Гостивар

Тројца ученици се повредени во тепачка меѓу две групи во дворот на Средно економско училиште во Гостивар, во која биле користени и ножеви. Инцидентот се случил вчера околу 13:10 часот на улицата „Живко Брајковски“.

Се степале две групи ученици од гимназијата, економското, индустриското и медицинското училиште, како и други засега непознати лица кои не се ученици.

При тепачката биле користени тврди и остри предмети со кои им биле нанесени повреди на 17- годишен ученик, кој се здобил со убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош и 16- годишник кој се здобил со убодна рана во горниот дел на грбот од селото Врапчиште – Гостивар и тие се пренесени во Ургентен центар-Скопје.

Подоцна е добиено известување дека е повреден 18-годишниот С.А. од селото Врапчиште, кој се здобил со расекотина на лево рамо.

Тој по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Гостивар е пуштен на домашно лекување.

Како сторител е посочено лице од селото Чегране, кој е во бегство и се трага по него. За настанот е известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор – https://kajgana.com/

Сподели