Вистински животни приказни со еден заклучок – бракот е прекрасен

Бракот е нешто што сите луѓе различно го толкуваат. Едни сакаат што поскоро да го искусат, а други бегаат од него што е можно подалеку.

vistinski-zhivotni-prikazni-so-eden-zakluchok-brakot-e-prekrasen-01.jpg

Се разбира дека во бракот не оди секогаш сé како подмачкано, но ако љубовта е доволно силна, лошите моменти брзо се забораваат.

Следниве 11 приказни ќе ве убедат во тоа дека најубавите моменти во бракот е оние наједноставните:

Маж ми е од друга држава и знае само неколку зборови на англиски. Но, тие зборови се доволни за да се снајде во каков било муабет: вистина, супер и малер.  Не е ни битно за што разговараме. Ова ни беше разговорот пред некој ден:
– Душо, многу сум уморна.
– Вистина?
– Да, не ми се готви некако. Ај да си напрачаме пица.
– Супер!
– Ама чекај, немаме извадено пари.
– Малер.
– Да одиме до банкомат?
– Вистина?
И така во круг.

Си ги правев утринските вежби и се наведнав кон стапалата за да се истегнам. Влезе маж ми и ми рече: „Не мораш да ми се поклонуваш. Доволно е само да ми кажеш: Добро утро, кралу мој!“

Сакав да направам романтична вечера за маж ми. Одамна немав нешто зготвено. Или имав работа, или бев преморена.
И направив. Маж ми влезе со огромен букет и ми рече: „Одамна ти немам купено букет цвеќе.“

Маж ми лежеше во болница. Го прашав:
– Како ти се допаѓа животот на мачките?
– Како мислиш?
– Само јадеш и спиеш. Јас доаѓам ,те галам и си одам. Па ти пак јадеш, па спиеш…
– Почешкај ми го стомакот!

Пливавме со маж ми и одеднаш го касна ракче на ногата. Вечерта, им раскажуваше на пријателите за незгодата.
Еден од нив го праша: „Каде?“ (мислеше на кој дел од телото). Маж ми му одговори: „Ти кажав, во вода.“

Со маж ми се шетавме во една шума и баравме печурки. Како што одевме, од една грмушка скокнаа две огромни кучиња. Маж ми застана пред мене за да не ме нападнат.
Дотрча сопственикот и си ги собра кучињата. Тогаш сфатив дека маж ми е спремен да го жртвува животот за мене. Тоа е вистинска љубов.

Кога си доаѓав дома, го собрав маж ми од кај еден пријател. Беа вратени од риболов, маж ми беше 3 дена неизмиен, неизбричен и со валкана облека. Застанавме на бензинска и отиде да купи кафе. Едни луѓе до него го гледаа и се чудеа како може некој толку млад да биде бездомник.
Отидов до кај него, го погледнав од горе до долу и му реков: „Добро изгледаш. Ќе возиш ти?“ Тој кимна со главата. „Сакаш да живееш кај мене?“ Тој пак кимна, се трудеше да не се насмее.
„Е, па, ајде, одиме. Еве ти ги клучевите!“

Кога маж ми ме побара за жена, веднаш прифатив. Ама, го замолив мајка ми да живее со нас – не сакав да ја оставам сама. Тој се согласи и ми предложи и неговата мајка да дојде.
Малку ни беше страв. 3 жени под ист покрив – лоша комбинација. Ама, ептен ни се посреќи! Најдовме порака на фрижидерот: „Отидовме на крстарење да бркаме мажи. Чао!“

Вчера славевме 2 години од бракот. Некои викаат дека е само лист хартија. Сакавме да одиме во некој ресторан, ама мене не ми беше нешто добро. Му реков на маж ми да не ми купува цвеќе овојпат.
Вечерта најдов букет од цвеќиња направени од хартија на предното седиште во автомобилот. Маж ми ми рече дека цел ден учел да направи оригами како цвеќе. После и мене ме научи.
Тоа е најубавиот букет што некогаш сум го добила.

Жена ми се врати од првиот час по италијански. Пресреќна беше. „Што се радуваш толку, па ти?“, ѝ реков. Ми рече „Ги учевме броевите од 1 до 30. Професорот ни рече дека доста е до 30– млади сме биле сите. Ама после тоа, секој требаше да каже колку години има.“
Наполни 42, и уште е истата.

Маж ми има посебна тетратка кајшто си запишува некои фрази што ги кажувам. Дури ме тера и да се потпишам за следниот пат кога ќе речам дека не сум кажала такво нешто, да има доказ.

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели