Тајните на Кралицата Сиси: Како се негувала една од најубавите жени во историјата?

Елизабет од Баварија, попозната како Кралицата Сиси, е една од најубавите жени во историјата. Била позната по долгата коса, тенкиот струк и прекрасното лице кое го негувала со помош на природни маски.

tajnite-na-kralicata-sisi-kako-se-neguvala-edna-od-najubavite-zheni-vo-istorijata-01.jpg

На менито на Сиси имало мали порции храна и нискокалорични намирници како што се белки, а понекогаш си дозволувала нешто слатко, најчесто сорбет од јагоди.

Во продолжение прочитајте ги тајните за нега и убавина на прекрасната кралица Сиси:

Ја миела косата со жолчки и коњак

Кралицата Сиси имала многу долга коса која била нејзината најголема гордост и препознатлив знак. Иако поради должината и густината, косата често ѝ создавала главоболки, Сиси не сакала да ја скрати.

На секои 14 дена, слугите ѝ ја миеле косата со комбинација од жолчки и коњак – процес кој понекогаш траел по цел ден поради тоа што косата на Сиси била предолга.

Се капела со маслиново масло

Секоја вечер, Сиси се капела во топла бања збогатена со маслиново масло што ја прави кожата мека и нежна. Маслиновото масло содржи витамини А и Е кои делуваат благотворно на кожата.

Лицето го прскала со оцет од љубичици

За да ја заштити кожата од црвенила и иритации, Сиси редовно го прскала лицето со вода од рози или лаванда. За посебни пригоди користела оцет од љубичици кој се прави од свежо набрани цветови од љубичица, јаболков оцет и дестилирана вода.

tajnite-na-kralicata-sisi-kako-se-neguvala-edna-od-najubavite-zheni-vo-istorijata-02.jpg

Користела крем за лице од рози

Сиси го мачкала лицето со крем кој го правеле нејзините слуги. Дваесетина цветови од роза ги ставале да вријат во дестилирана вода, а потоа ги мешале со ланолин и несолен путер.

Овој крем се чувал на ладно место.

Спиела со телешко месо на лицето

Кралицата одвреме-навреме спиела со парче телешко месо на лицето, кое го прицврстувала на лицето со специјална кожена маска. Месото делувало како маска против стареење.

Овој третман ѝ овозможувал свеж и младолик изглед.

Ставала маска од белки

Омилената маска за лице на Сиси се состоела од 60 милилитри вода од рози, 30 милилитри млеко, 15 милилитри сок од грозје, 5 капки есенцијално масло од темјан и две изматени белки.

Оваа маска ја ставала на лицето пред спиење, а наредното утро ја миела со вода.

tajnite-na-kralicata-sisi-kako-se-neguvala-edna-od-najubavite-zheni-vo-istorijata-05.jpg

Ставала крем за лице од полжав

Кралицата Сиси била многу напредна во негата на кожата, па користела крем за лице на база на полжав чии благотворни ефекти се познати и денес. Нејзиниот крем се состоел од маст, корен од слез и иситнети полжави. Го држела на лицето 4 часа.

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели