Како девојките се справуваат со досадните додворувачи?

Ноќните клубови се места на кои честопати се раѓаат страсти. Понекогаш, израснуваат дури и во сериозни љубовни врски. Но, секоја девојка знае дека постојат ноќи, кога најубаво ѝ е да излезе со пријателките, забавувајќи се без машко друштво.

kako-devojkite-se-spravuvaat-so-dosadnite-dodvoruvachi-1.jpg

Секако, ниту таквите вечери не поминуваат без упорните флертувачи, кои како да не знаат што значи зборот „не“, а на реченицата: „Имам дечко!“, одговараат со:  „Мене не ми пречи.“.

kako-devojkite-se-spravuvaat-so-dosadnite-dodvoruvachi-2.jpg

Запрашани да откријат како тие се ослободуваат од досадните додворувачи, неколку припаднички на понежниот пол ги дадоа следните одговори:

„Ej, па зарем ти не ѝ беше дечко на мојата сосетка?“

„Мене ми е желба да се омажам годинава, а тебе?“

„Дај те молам помрдни се, го меркам високион црн дечко на шанкот.“

kako-devojkite-se-spravuvaat-so-dosadnite-dodvoruvachi-3.jpg

„На еден му реков дека ќе прејдам во калуѓерки, а дека тоа ми е последното излегување, пред да се заветам на молк. Одлета со брзина на светлината.“

„Имам девојка.“

„Јас обично им викам: „Sorry, I’m in a relationship!“. Еднaш дури и говорев со британски акцент, преправајќи се дека сум од Англија. На типот му реков дека сум излегла на пијачка со пријателките, а за неколку часа патувам назад во Лондон.“

kako-devojkite-se-spravuvaat-so-dosadnite-dodvoruvachi-4.jpg

„Дојдов да играм и да се забавувам со другарките. Навистина не ме интересираш. Те молам, тргни ми се од пред очи!“

„Зафатена сум, имам дечко. Или онаа филмската фраза – ако ни е судено, ќе се сретнеме повторно.“

„Што? Како?! Молам? Не слушам добро. Што? Како?!“

kako-devojkite-se-spravuvaat-so-dosadnite-dodvoruvachi-5.jpg

„Не велам ништо. Глумам дека ми вибрирал мобилниот телефон, па истрчувам, божем ќе разговарам.“

„Сега ќе дојде дечко ми по мене. Ако забележиш висок и набилдан лик на врата, извести ме.“

„Искрено, поретко ми приоѓаат, бидејќи го имам ставот: „Немој ни случајно!“. А, ако сeпак ми пријде, тогaш му возвраќам со кисела насмевка, си ја земам пијачката и се вртам накај девојките.“

kako-devojkite-se-spravuvaat-so-dosadnite-dodvoruvachi-6.jpg

Различни тактики… Можеби некоја ќе ви послужи како инспирација при идното излегување.

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели