И тоа е можно – полицијата го уапсила затоа шо личел на Меси

Двојник на Лионел Меси беше приведен од иранската полиција откако стана премногу популарен меѓу фудбалските навивачи, кои сакаа да прават селфија со него. Иранскиот студент Реза Парастеш, минатиот викенд реши дека е добра идеја да се облече како аргентинскиот фудбалер на Барселона и да се прошета низ иранскиот град Хамедан.

Но, тој не очекуваше дека ќе стане толку популарен меѓу граѓаните. Толку многу луѓе почнаа да му приоѓаат на студентот и да го молат за заедничко селфи што полицијаа мораше да го приведе и да го однесе во локалната полициска станица за го зачува јавниот ред и мир и да го расчисти сообраќајниот метеж.

„Сега луѓето ме гледаат какко иранскиот Меси и сакаат да правам сè што прави тој. Каде и да се појавам, луѓето се шокирани. Навистина сум среќен што ги правам среќни кога ме гледаат и тоа ми дава многу енергија“, изјави Парастеш за агенцијата АФП.

Извор – http://www.press24.mk/

Сподели