Нов ураган му се заканува на Атлантикот

Тропската бура Офелија, што се формира во централниот дел на Антлантикот, ќе зајакне и до утре ќе прерасне во ураган.

Тропската бура Офелија, што се формира во централниот дел на Антлантикот, ќе зајакне и до утре ќе прерасне во ураган, предупреди денеска Американскиот национален центар за урагани (НХЦ).

Бурата денеска се наоѓа на околу 1.260 километри југозападно од Азорските Острови во Атлантикот и се движи кон исток.

Офелија во моментов носи ветрови со јачина од 85 километри на час.

Извор – http://plusinfo.mk/

Сподели