Жртви во пожарите во Калифорнија

Во сојузната американска држава Калифорнија и натаму беснеат шумски пожари, во кои животот досега го загубија најмалку десет луѓе. Бројни куќи се целосно изгорени, а илјадници жители се во бегство пред стихијата.

USA Kalifornien Waldbrände Großbrand (picture-alliance/AP/J. Chiu)

Најголемите пожари се во лозарските региони на сојузната држава Калифорнија, околу Напа и Сонома, северно од заливот на Сан Франциско. Само во регионот на Сонома се регистрирани шест жртви, соопшти полицијата преку Твитер. Пожарникарската служба пријави двајца загинати во Напа и еден во Мендосино.

USA Kalifornien Waldbrände Großbrand (picture-alliance/AP/R. Pedroncelli)

Брзоширечките шумски пожари натераа во бегство илјадници жители од погодените области. Околу 20.000 луѓе ги напуштија своите домови и мораа да бидат евакуирани на безбедно место. Гувернерот Џери Браун претходно прогласи вонредна состојба проради природна непогода во делови од Калифорнија. Мерката треба да помогне во пружање побрза помош и ставање на располагање средства за обезбедување на засегнатото население. Според првите проценки, изгореле 1500 објекти, а уништени се околу 30.000 хектари земја. Илјадници други куќи и објекти се исто така загрозени од пламенот, а стотици пожарникари се борат против огнената стихија.

USA Kalifornien Waldbrände Großbrand (picture-alliance/AP/M. Short)

Невообичаено високите температури и сушата во големи делови од САД ја засилија опасноста од пожари во многу американски региони, а на нивното прширување им погодуваат силните ветрови.

Извор – http://www.dw.com/

Сподели