„Денови на македонското пчеларство“ во Битола

 

Во организација на пчеларското здружение „Нектар“ Битола ќе се одржи 20-та по ред манифестација „Денови на македонското пчеларство“. Манифестацијата започнува од среда, 11 октомври во 11 часот, а ќе трае се до сабота, 14 октомври.

На манифестацијата ќе се претстават пчелари од земјата и соседните земји, а продажните штандови ќе бидат изложени на плоштадот Магнолија.

„Посетителите  ќе имаат можност од близу да се запознаат со пчеларите и нивното производство и да научат нешто повеќе за пчелините производи и кој е бенефитот од нивната консумација во секојдневната исхрана“, вели Менде Трајковски претседател на пчеларското здружение „Нектар“ од Битола.

Освен продажните штандови и претставувањето на пчеларите, годинава ќе бидат организирани  едукативни предавања за пчеларите, а исто така дел од манифестацијата ќе биде и изложбата на ликовни и литературни творби.

Неизоставен дел од манифестацијата се едукативните предавања на кој може да присуствуваат сите заинтересирани пчелари. В сабота на 14 октомври во НУ УБ Св Климент Охридски“ свое  предавање ќе има Ѓоко Зечевиќ од Србија.

И годинава ќе бидат вклучени учници од основните училишта во градот кои твореа на тема мед. Најуспешните остварувања ќе бидат презентирани во кафичот „Радост“.

 

Сподели