Најмалку 12 Рохиџи, од кои 10 деца се удавија при обид да пристигнат во Бангладеш

Најмалку 12 бегалци Рохинџи се удавија откако бродот со кој пловеле се преврте и потона во близина на јужниот брег на Бангладеш.

Полицијата на Бангладеш соопшти дека пронајдени се 12 тела, на десет деца, жена и маж.

Во потонатиот чамец се превезувале повеќе од сто луѓе, кои бегале од конфликтот во Мјанмар.

И на 28 септември чамец со околу 80 бегалци од Мјанмар се преврти и потона. Бродската несреќа ја преживеаја само 17 лица.

На почетокот на септември пронајдени се 46 тела по бродската несреќа. Од загинатите 19 беа деца, 18 жени и девет мажи.

Извор – http://a1on.mk/

Сподели