Заврши двонеделниот марш за мир на илјадници Израелки и Палестинки

Маршот во организација на движењето „Жени за мир“ почна на 24 септември и во него учествуваа жени жртви на насилство во судирите

Илјадници Израелки и Палестинки пристигнаа во Ерусалим, со што е завршен двонеделниот марш кои го поминаа низ Израел и Западнииот Брег барајќи постигнување мировен договор.

Маршот во организација на движењето „Жени за мир“ почна на 24 септември и во него учествуваа жени, кои биле жртви на насилството во израелско-палестинскиот судир.

Неколку илјади жени, поголемиот број Изреалки синоќа доцна пристигнаа во Ерусалим. Тие носеа бела облека и транспаренти со кои се апелира за мир.

– Израелките сакаат, ако е можно, да ја спречат следната војна и се обидуваат што е можно побрзо да се постигне договор помеѓу Израелците и Палестинци. Овој марш не е само уште еден протест, туку начин да се каже дека сакаме мир и заедно можеме да го постигнеме, изјави една од организаторките на маршот, Мари-Лин Смаџа.

Извор – http://plusinfo.mk/

Сподели