Тешка сообраќајка во Скопје – повредени две лица

Вчера во 04.30 часот во село Кадино се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од село Кадино и патничко возило „Мерцедес“  со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Г. (47) од село Кадино. Во  незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи кои со возило на Итна медицинска помош биле прнесени во Градска општа болница „8-ми Септември“.

На двајцата им  била укажана лекарска помош. Кај М.М. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Т.Г. биле констатирани телесни повреди.

По укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

Извор – http://sitel.com.mk/

Сподели