Поради дефект дел од центарот на Скопје без парно греење

Без топлинска енергија се потрошувачите на улиците „Даме Груев“ бр. 2, 4, 6 и 8, „Македонија“ ББ (Спомен куќа на Мајка Тереза, Дом на АРМ), бр. 6, 10 и 16, „Луј Пастер“ ББ (Палата Македонија), „11 Октомври“ бр. 6 и 8 и „Димитрие Чуповски“ бр. 1.

Поради дефект на секундарен вод од дистрибутивната топлинска мрежа во близина на Собранието на Република Македонија привремено е прекината испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите од централното градско подрачје, информираат од БЕГ.

Оттаму прецизираат дека без топлинска енергија се потрошувачите на улиците „Даме Груев“ бр. 2, 4, 6 и 8, „Македонија“ ББ (Спомен куќа на Мајка Тереза, Дом на АРМ), бр. 6, 10 и 16, „Луј Пастер“ ББ (Палата Македонија), „11 Октомври“ бр. 6 и 8 и „Димитрие Чуповски“ бр. 1.

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен и според проценката се очекува во најбрз рок дефектот да биде саниран, по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија, велат од БЕГ.

Извор – http://www.mrt.com.mk/

Сподели