Двеипол годишно дете од Велес почина на Детската клиника во Скопје

Од ресорното министерство велат дека била дадена соодветната медицинска помош…

Двеипол годишно дете од Велес почина вчера на скопската клиника, поради сепса и менингитис. Детето пред два дена било хоспитализирано на одделот за неврологија со симптоми на губење свест.

Поради овие симптоми и влошувањето на состојбата на детето, според информации од Министерството за здравство, проценката на докторите била тоа да биде префрлено на интензивната нега на Клиниката за детски болести.

Од ресорното министерство велат дека била дадена соодветната медицинска помош, но сепак детето го загубило животот.

Извор – http://www.mrt.com.mk/

 

Сподели