Есенската депресија ни носи зголемен апетит. Всушност, медицинскиот термин е сезонско афективно нарушување. Претставува форма на депресија, која настапува во есен и зима, откако за најлоши месеци се сметаат октомври и ноември. Познато е дека депресивните состојби предизвикуваат нарушување во комуникацијата меѓу невроните, што се должи на нерамномерноста на трите вида хемиски соединенија во мозокот – норепинефрин, серотонин и допамин, кои ги емитуваат електричните сигнали помеѓу клетките. За да се постави дијагноза на сезонско афективно растројство, потребно е да има присуство на карактеристични симптоми во текот на последните две години во наведеното време, откако во пролет и лето тие недостигаат. Во 1987 година Американската психијатриска асоцијација официјално ја регистрира оваа душевна состојба како сезонско афективно растројство. Оваа форма на депресија е поврзана со недостаток на природна сончева светлина, што пак доведува до намалени нивоа на хормони на среќата – серотонин и ендорфин. Од друга страна, помалку витамин Д се синтетизира во нашата кожа, што нè прави особено чувствителни и нервозни.

Глени Дурам (49) од американската сојузна држава Мичиген има одредена доживтна затворска казна поради убиството на сопругот, а главен сведок на обвинителството бил домашниот папагал.

Глена испукала пет куршуми во сопругот Мартин Дурам, а потоа се обидела да се убие.

Истрагата не можела да ја докаже нејзината целосна вина и Глена веројатно би избегнала затворска казна да не бил папагалот Бад.

Првата жена на Мартин и уште некои членови на семејството слушнале како папагалот го имитира гласот на убиениот и ја повторува реченицата во која бара од жената да не пука.

Како наведува „Дејли мејл“ за време не судењето одбраната тврдела дека Глена во моментот на убиството била во состоба со мала пресметливост, но дека судот одлучил да ја испрати на доживотна робија.

Сподели