Битолскиот театар ќе гостува во Израел

Ансамлблот на НУ Народен театар-Битола вечер заминува за Израел каде ќе учествува нна „Ако фестивал“ во градот Акко во Израел .

Битолските актери ќе настапат со претставата „Шекспир засекогаш“ (Shakespeare 4ever),  во продукција на битолскиот и театарот од Санкт Петербург од Русија „Вера Комерсажевскаја„

-Претставата „Шекспир засекогаш“ беше прв пат изведена минатата година на свеченото отворање на „Битола Шекспир фестивал“. Во претставата настапуваат актерите Соња Михајлова, Катерина Аневска и Никола Пројчевски, групата Фолтин и музичка придружба на Александар Димовски и Валентин Светозарев. Претставата беше одиграна и во Санкт Петербург, а на фестивалот во Израел ќе биде изведена на 8 и 9 октомври, информираат од секторот за односи со јавност во НУ Народен театар-Битола.

Сподели