Националната установа Центар за култура-Битола одбележува 37 години постоење

На денешната прес-конференција во Битола, в.д. директорот Зоран Димовски говореше за историјатот на НУ Центар за култура, просторните услови за работа и можностите кои ги нуди таа установа за културниот и јавниот живот во градот.

– Годинава роденденот на НУ Центар за култура ќе го одбележиме со концерт на Камерниот оркестар кој работи под покровителство на наштата национална установа. Концертот ќе се одржи в недела и ќе доминира поп и поп-рок музика со настап на неколку женски вокали. Спектаклот не треба да се пропушти и ќе има вистинско уживање во композииците што ќе бидат исполнети во големата сала на Центарот за култура кој очекуваме да наликува на светски познатите музички сцени, посочи Димовски.

 

 

Сподели