Отворен инклузивен кабинет во ОУ „Коле Канински“ Битола

 

По повод Неделата на детето која се одбележува секоја прва недела од Октомври, првачињата во ОУ „Коле Канински“ Битола денеска ја дадоа својата свечена заклетва со што станаа членови на Детската организација. За овој момент да биде посебен, учениците од петто одделение од ова училиште им подготвија приредба за срдечно добредојде.

 

Под  мотото „Во нашиот свет сите сме еднакви“ првачињата од ОУ „Коле Канински“ Битола ја одбележуваат Детската недела која се одбележува секоја прва седмица од месец Октомври. Денес најмалите ученици, нашите првачиња се вистински декор во нашето училиште. На овој свечен ден за нив секое прваче доби детски пасош од Сојузот за грижи и воспитување на децата и дадоа свечена заклетва, а со тоа станаа членови на Детската организација со што ќе ги уживаат правата и одговорностите кои им се загарантирани со Конвенцијата за правата на децата на Обединетите Нации,изјави Светлана Глигорова, педагог во ОУ „Коле Канински“ Битола.

 

Одбележувањето на Неделата на детето ја одбележа и ликовната изложба на изработки на учениците под менсторство на наставникот Никола Петровски.

Денес во ова училиште беше отворен кабинет за инклузија.

Еден месец се работеше на средување на ова катче и денес официјално го отвораме кабинетот за работа на инклузија. Голема благодарност до тимот за помоштта која ја дадоа при реализизацијата на овој проект, но и соработката која имаме со институциите кои денеска се тука на овој свечен настан, Ресурсниот центар од Битола, Заводот „Кочо Рацин“, Педагошкиот факултет, Бирото за развој МЦГ, Здружението „Марко Поло“, медиумите и сметам дека со ова многу им помагаме на децата кои што имаат потешкотии во развојот, изјави Лидија Павловска, директор на ОУ „Коле Канински“ Битола.

Во училиштето има 6 ученици кои се со посебни потреби и секој од нив ќе има персонален асистент. Има уште 12 ученици кои пројавуваат потешкотии во совладувањето на наставната програма кои ќе бидат вклучени во активностите на инклузивниот кабинет.

Од мај 2015 година нашето училиште е вклучено во Програмата „Инклузивно образование“ од страна на УНИЦЕФ. Реазлизирани се голем број активности: обуки, работилници, пилотирање на Водичот за работа на училишниот инклузивен тим, учество во изготвување на Прирачникот за стручни работници и Прирачникот за наставници, учество на настани за подигање на свеста за заштита на правата на секое дете.  Почитувајќи ја Конвенцијата за правата на децата, нашето училиште ќе направи сé за најдобар интерес на децата, изјави д-р Аница Златевска, психолог во училиштето и координатор на училишниот инклузивен тим.

 

 

 

Сподели