Новата сезона на „Game of Thrones“ стигнува дури во 2019

Новата сезона на серијата „Game of Thrones“ ќе има најмалку епизоди досега, но продуцентите велат дека се дури и повеќе зафатени отколку за претходните сезони.

Актерите во серијата открија дека новата сезона на „Game of Thrones“ ќе се снима до наредното лето, а првата епизода ќе можеме да ја очекуваме дури во 2019 година.

„Ќе снимаме до лето. За десетте епизоди од претходната сезона ни требаа шест месеци, а сега за само шест епизоди ќе ни треба многу подолго време, што значи дека епизодите ќе бидат подолги и напнати“, изјави Лиам Канингем, кој го толкува ликот на Давос Сиворт.

Снимањето на новата сезона почнува месецов, а режисерите Дејвид Бениоф и Ден Вајс претходно напоменаа дека за материјалот кој е предвиден, би им требало околу една година за да завршат со снимање на сезоната.

Извор – https://kajgana.com/

Сподели