Претставен првиот руски кабриолет, наречен „Крим“

Студенти од техничкиот универзитет во Москва  конструирале и претставиле прв руски кабриолет – „Крим“, кој е составен од делови од „Лада калина“.

Развојниот тим кој стои зад проектот, прецизираше дека под хаубата се наоѓа мотор со јачина од 106 коњски сили и резервоар со капацитет од 1,6 литри.

„Крим“ од нула до 100 километри на час забрзува за 8,5 секунди, а максималната брзина му е 200 километри на час.

Се наведува дека сериско производство на овој модел би можело да биде започне за две години.

Фотографиите од кабриолетот се појавија на социјалните мрежи и отворија бурни расправии, а негова предност велат би можела да биде цената, која, според првичните информации, би можела да изнесува нешто повеќе од 11.000 евра.

Извор – https://kajgana.com

Сподели