Првите хибридно – електрични авиони ќе летаат од 2022 година

Компанијата Zunum Aero, која во нејзиниот проект за хибридно – електрични авијации поддржува Boeing и  JetBlue, стави рок за испорака на своите авиони, а тоа е до 2022 година.

Zunum Aero се фокусираше на хибридно – електрични авиони со цел да ги скрати фрустрирачките долги летови и да ја намали цената на картите на кратките летови.

Претставен е дизајн на авион со 12 седишта, што е прва голема најава откако компанијата во април се појави со големи планови за револуција во авионската индустријата.

Малите и штедливи авиони би можеле да го олеснат регионалниот сообраќај бидејќи би можеле да се користат и мали аеродроми, не само големи.

Авионот на оваа компанија би можел да има обем од 1,127 километри со максимална брзина од 547 километри на час.

Емисијата на штетни гасови и бука би биле намалени за 80 отсто во однос на конвенционалните авиони.

Батериите на авионот ќе бидат сместени во крилата, а од компанијата се надеваат дека тие еден ден ќе овозможат производство на потполно електричен погон.

Тест летовите ќе започнат во 2019 година, а Zunum ќе отвори и втор развоен центар во Чикаго за да ги прошири своите операции.

Извор – https://kajgana.com

Сподели