Mitsubishi Evo – автомобил од иднината

Mitsubishi објави нови фотографии од електричниот кросовер концепт кој го презема името од легендарниот спортски седан Evolution.

Концептот наречен e-Evolution има футуристички изглед кој најавува во кој смер ќе се движи дизајнот на автомобилите на Mitsubishi во годините кои ни престојат.

Овој стилски пристап секако ќе предизвика бура на коментари и нема да го задоволи секој вкус, посебно не љубителите на оригиналниот Mitsubishi Evo.

Концептот e-Evolution за погон користи 3 електромотори. Едниот го движи предниот дел, додека преостанатите два задните тркала, а благодарение на тоа автомобилот има погон 4×4.

Mitsubishi соопшти дека автомобилот е опремен и со напредната технологија вештачка интелигенција, која користи сензори и камери на возилото за да му помогне на возачот полесно да се снајде во сообраќајот.

Премиерата на концептот e-Evolution е закажана за 25 октомври.

Извор – https://kajgana.com

Сподели