Туристички инфо  киосци во Битола во распаѓање

 

Поставувањето на инфо кисоци требаше да придонесе за подобро информирање на туристите со понудите што Битола може да им ги понуди. За жал во моментов единствените  места предвидени за таа намена се во незавидна состојба.

 

Туризмот како стопанска гранка е од големо значење за целокупниот економски равој во општините. Битола е од ретките општини со изградена стратегија за развој на туризмот.

Од направените анализи таа стратегија ги нуди можностите  кои би се искористиле за развојот на туризмот во општина Битола.

Креирање на туристички пакет за иселеници,  препознатливост-брендирање,  учество на саеми, работилници и стручно усовршување, приклучување на саеми на Државна Агенција за туризам, развивање на алтернативни форми на туризам (културен, манифестациски, здравствен и сл), искористување на странски фондови, вмрежување и координирање, поставување на регионот на мапата на големите тур оператори се дел од можностите наведени во таа стратегија

Развојот на туризмот во Битола е содржан и во стратегијата за економски развој на општината  во која како стартешка цел е Формирање на систем за управување со туризмот во Општина Битола .

 

Се сеќаваме на функционирањето на Туристичкиот инфо центар што требаше да биде место број еден каде што туристите  можеа да се информираат за целокупната туристичка понуда на градот.  И покрај тоа што имаше позитивни критики за неговото постоење , за жал неговата функција  имаше кус век на траење.

 

 

Изградбата  на туристичка инфраструктура  според  стратегијата  треба да придонесе во промоцијата на туристичките понуди.

Со цел да се обезбеди потребната туристичка инфраструктура планирано е поставување на инфо киосци, јавни тоалети, обновување и дополнување на сигнализацијата и патната инфраструктура, како и изградба на нови хотелски комплекси и реконструкција и модернизација на постоечките  сместувачки капацитети. Планирана е изработка на специјална туристичка понуда со посебни пакети на услуги за различни целни групи.

Постојано се кажува дека Битола има туристички потенцијали,за што општината лани  предвиде 1,3 милиони денари.

За жал инфо киосците  што се предвидени никако да заживеат. Оние табли и паноа  што би требало на некој начин да ја играат улогата на  информатори, воопшто не личат на тоа. На нив остатоци од лепило и хартија за некој културен настан што веќе се одржал и ништо повеќе од старо железо.

Дали конзулска Битола, и градот кој го нарекуваат градот на клавирите заслужува вакво информирање на секој добронамерник што сака да потроши дел од своето ценето време.

.

За сега туристите може единствено  да се информираат во туристичките агенции во градот или пак на веб сајтот Битола инфо.

Постоењето на инфо киосци во онаа форма какви би требало да ги има  ќе почекаат подобри времиња.

 

 

Сподели