Би возеле ли електричен Jaguar?

0
44

„Jaguar Land Rover“ стана последната автомобилска компанија која реши целосно да се препушти на производство на еко-возила, па така од 2020 година сите модели на Jaguar, како и спортските модели на Land Rover ќе бидат достапни во трите хибридни категории.

Оваа промена во производствената линија на компанијата JLR доаѓа откако сѐ поголем број на земји почнаа да бараат начин да се справат со загадувањето.

Според последните истражувања, загадувањето на воздухот е причина за околу 40 000 прерани смртни случаи секоја година на територијата на Велика Британија. Велика Британија и Франција веќе имаат нацрт-план како целосно да ја забранат продажбата на автомобили со бензински и дизел погони до 2040 година.

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here