Се огласија научниците, дали навистина постои планетата X?

Во изминативе месеци се појави бројни теории на заговор кои константно најавуваа дека Земјата ќе биде уништена од извесна планета X или Нибир, а нејзиното постоење никогаш не беше потврдено од НАСА.

Сепак, се чини дека сега научниците почнуваат да го менуваат мислењето и велат дека не ја отфрлаат можноста за нејзино постоење, како и тоа дека сите вести поврзани за оваа планета често се вадени од контекст и се оди предалеку со нив.

Според нив, дури и да постои оваа планета, таа не претставува никаква опасност по Земјата.

Астронаутите, наводно, неодамна пронашле докази за постоење на невидлива деветта планета во нашиот Сончев систем.

„Постојат пет различни линии на опсервациони докази кои укажуваат на постоењето на деветта планета“, вели астрофизичарот Константин Батиџин, кој се надева дека во соработка со својот ментор, професорот Мајк Браун, во наредните неколку години ќе успеат да ја лоцираат планетата.

Според неговите тврдења, постојат индиции кои укажуваат дека меѓу оддалечените објекти се крие и таа планета за која толку многу се зборува.

„Ако го исклучите ова објаснување и замислите дека деветта планета не постои, создавате повеќе проблеми отколку што ги решавате. Сега одеднаш имаме пет загатки и мораме да пронајдеме различни теории за да ги објасниме“, вели тој и додава дека не постои шанса планетата Х или Нибир да се приближи до Земјата, ниту пак да претставува некаква закана дури и да постои.

Најсилниот доказ кој моментално постои се гравитационите бранови кои можат да се детектираат во интеракција со останатите објекти во Сончевиот систем, а кои се многу силни и доаѓаат од голема оддалеченост.

Двајца научници веруваат дека мистериозната планета е десет пати поголема од земјата и се наоѓа на 20 пати поголема оддалеченост од Сонцето од Нептун.

Во лоцирањето на планетата им помага телескопот Субар, а на помош влегува и опсерваторијата Мауна Кеј на Хаваите.

 

Извор – https://kajgana.com/

Сподели