Овој детектор за лаги знае дали лажете снимајќи ви ги очите

Зениците во окото се шират кога лажете, но тоа за обичниот човек е скоро незабележливо. Затоа, научници од Јута развија технологија која работи како детектор за лаги, снимајќи ги очите на човекот кого го испитува.

Технологијата, која е наречена „EyeDetect“, добива на популарност како поисплатлива и помалку пристрасна верзија на полиграфскиот тест, кој веќе многу долго е „златниот стандард“ за детектирање на лаги.

„Очите се огледало на душата. Ова е револуционерна технологија и целосно ќе го смени полето на истражување на лаги“, изјави Јуан Бесера, еден од вработените во „Panther Security and Investigations“.

„EyeDetect“, кој почна како проект во 2014 година, денес веќе се употребува во 34 држави како дел од интервјуата за работа и корпоративни истражувања. Од компанијата велат дека „EyeDetect“ и класичниот полиграф ги покажуваат скоро истите резултати, со точност од околу 90%.

Самата машина чини 4.000 долари, а за секој посебен тест се наплаќа по уште 50 до 150 долари, во зависност од должината на тестот и специфичноста на прашањата.

 

Извор – https://kajgana.com/

Сподели