Машина која пегла наместо вас

Сигурни сме дека на светов не постои некој кој сака пеглање, па затоа ова е можеби најдобрата вест денес: некој измислил машина која сама пегла. Наречена е Effie, a ја суши и пегла облеката наместо вас.

Effie е изум на Роан Камдар и Тревор Керт, двајца инженери од Лондон. Функционира така што од едната страна ги закачувате кошулите, гаќите, маиците и што и да е, а тие автоматски парче по парче влегуваат во машината и за помалку од три минути излегуваат суви и испеглани.

Effie суши и пегла со помош на водена пареа, а истовремено можете да закачите 12 парчиња облека, кои машината сама ќе ги повлече внатре, а ќе излезат уредно испеглани.

Извор – https://kajgana.com/

Сподели