Kia го претставува најмоќното Picanto

0
44

Kia објави дека за време на меѓународниот салон во Франкфурт ќе ја претстави најмоќната верзија во целата историја на моделот Picanto.

За новото Picanto X-Line, што ќе биде пуштено во продажба во Европа во последната четвртина на оваа година, од KIA коментираат дека е со дизајн инспириран од кросовер автомобилите, а погонот му е доверен на 1,0 литарскиот T-GDI (turbocharged gasoline direct inection) мотор. Ова остварување досега беше достапен само кај Сee’d и Rio, а ветува максимална моќност од 100 коњски сили и вртежен момент од 172 Nm. Со негова помош, компактниот модел е во можност да се забрза од 0 до 100 km/h за 10.1 секунди и да помине 100 километри со просечно 4.5 литри гориво.

Од KIA коментираат исто така дека 1,0 литарски T-GDI мотор ќе биде достапен со истите параметри и во спортското Picanto GT-Line.

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here