На интернет се разгорува нов скандал околу Apple и iPhone: Еве за што станува збор!

Околу 270.000 корисници на социјалните мрежи го споделиле линкот со истражувањето на научници од Универзитетот Харвард кои тврдат дека ја докажале старата теорија дека Apple со која намерно го „успорува“ iPhone пред пуштање на новите верзии на уредот, за да ја зголеми продажбата.

Всушност, студијата покажува сосема поинаков феномен. Студентката Лора Труко докажа дека едно од најпопуларните пребарувања на Google меѓу корисниците на англиски јазик на датумот на лансирање на новиот iPhone е клучната фраза „iPhone slow“.

Во исто време, пребарувањата за „Samsung Galaxy slow“ не покажаа таква активност пред појавувањето на новиот паметен телефон од страна на корејскиот производител. Многу корисници направиле заклучок – оваа студија докажува дека Apple ја забавува својата работа на постарите модели на iPhone за да продаде милиони нови.

Написот за оваа студија е репостиран во социјалните мрежи околу 270.000 пати.

Сепак, истражувањето не се однесува на „успорување“ на телефонот, туку на прашањата за пребарување. Со други зборови, нема никакви докази дека Apple навистина го прави тоа, но има многу докази како на пример показателите од бенчмарк тестовите дека такво одложување нема.

Судејќи според сè, големиот број на пребарувања за „бавен“ iPhone е поврзан со фактот дека Apple истовремено со смартфоните пушта и нов софтвер кој може да работи полошо на постарите телефони. На истиот датум, програмерите пуштаат нови верзии на нивните апликации кои можат исто полошо да започнат да стартуваат на старите модели на iPhone.

Ажурирањата на оперативниот систем на Google се случуваат не толку редовно, а освен тоа, различните уреди се ажурираат во различно време. На овој начин, нема одреден ден за презентација на софтверот за сите Android OS уредите. Ова предизвикува корисниците да ја „гледаат“ разликата во работењето на телефони под различни оперативни системи.

Извор – http://brkajrabota.mk/

Сподели