Кинеските нутриционисти имаат поинаков став за појадокот

Што треба да се јаде наутро за го зачувате своето здравје и да го спречите таложењето на вишокот килограми? Кинеските нутриционисти го разбија митот за тоа дека појадокот мора да биде обилен и дека мора да јадете рано наутро.

Тие се залагаат за нешто сосема спротивно од тоа што претходно го знаевме. Според нив, појадокот би требало да биде лесен и да се јаде подоцна. Преобилниот појадок би можел да доведе до натрупување на маснотии. Стручњаците исто така составиле список на намирници кои треба да се јадат наутро.  Списокот изгледа вака:

  • Јајца,
  • Зобена каша со овошје или со суво овошје,
  • Мусли со сок или млеко,
  • Јогурт со овошје,
  • Салата од зеленчук и зелени растенија,
  • Младо сирење со овошје,
  • Леб од житарки,
  • Овошна салата,
  • Нискокалорично сирење, и
  • Каша од хелјда со млеко.

Идеално време за појадок е околу 11 – 12 часот.

Извор – http://brkajrabota.mk

Сподели