Џенифер Лоренс во главната улога на шпионскиот трилер “Red Sparrow”

Џенифер Лоренс ќе се појави во новото филмско остварување на австрискиот режисер Фрeнсис Лоренс, кој ја прослави со улогата во популарните филмови “The Hunger Games”.

“Red Sparrow” е шпионски трилер чија приказна е втемелена на истоимениот роман на членот на ЦИА, Џејсон Метјус, кој од оваа агенција заминал во 2013 година.

Филмот ја носи приказната за балерината Доминика Егорова која го поминала поголемиот дел од животот играјќи балет. Меѓутоа, по нејзината повреда, таа е присилена да пронајде нова работа. Егорова е потоа регрутирана во тајната школа на руската разузнавачка служба “Sparrow School”, каде ја обучуваат како да го користи своето тело како оружје. Од оваа школа, таа излегува посилна од некогаш.

Покрај Лоренс во главната улога, во филмот ќе се појават и Мери-Луиз Паркер, Џоел Едгертон, Матијас Шонартс, Џемери Ајронс, Кјаран Хиндс и многу други.
Филмот пристигнува во кината на 2 март 2018 година.

Извор – http://brkajrabota.mk

Сподели