Книжевна работилница во ОУ Св Кирил и Методиј Битола

Во ОУ Св Кирил и Методија од Битола беше домаќин на книжевна работилница на која другаруваа учениците и познати писатели  од градот. Воедно беше промовирано списанието за деца и млади „Нов круг“ а се одржа и мини саем на издавачката куќа „ Феникс“

Училишната библиотека на ОУ “Св Кирил и Методиј“  денес беше местото  каде на еден интересен начин се промовираше пишаниот збор  и читањето кај учениците од ова училиште и пошироко. Учениците и наставниците беа дел од Промоцијата на списанието за книжевност за деца и млади „Нов круг“, а воедно преку мини саем имаа можност да ги видат последните остварувања издавачката куќа „Феникс“. Книжевна работилница со   писателите Христо Петревски, Радован П. Цветковски и Панде Манојлов беше посебно доживување.

На оваа прва промоција, како  што истакна главниот уредник проф. д-р Христо Петрески, списанието за книжевност „Нов Круг“е одлична можност наставниците по македонски јазик и литература да ги следат текстовите од еминентни професори и книжевници, а се однесуваат на литературата за деца и млади, со што добиваат идеи за усовршување на својата педагошка работа. Покрај текстовите и освртите кон детската литература од македонски автори, списанието ги пренесува и искуствата на автори од регионот: Србија, Хрватска, Црна Гора, а во делот „Творечка работилница“, поместени се најнови песни и раскази за деца како можност наставниците да ги освежат своите примери при обработка на  наставните содржини.

Учениците од 4,5 и 6 одд од ОУ „Св Кирил и Методиј“ уживаа во раскажувањето на случките од писателскиот живот и работа, како и во стиховите од детската поезија која ја пишуваат денешните гости Петрески, Цветковски и Манојлов. Интересниот пристап ги воодушеви децата и ги поттикна да поставуват најразлични прашања за мотивацијата, инспирацијата, за детството и животот на авторите, за нивните омилени теми и мотиви.

На крај, на мини саемот за книга  децата имаа можност да се запознаат со најновите изданија за деца на издавачката куќа Феникс, со кои посакаа да ги збогатат своите лични библиотеки и библиотеката на училиштето.

Писателите беа воодушевени од масовноста на посетата, големиот интерес на децата и од нивниот креативен и критичен пристап во дискусиите кои се водеа.

Сподели