Кејт Винслет ангажирана за „Аватар 2“

Кејт Винслет ќе се упати кон планетата Пандора… Тоа значи дека таа повторно ќе работи со колегата од филмот Титаник, режисерот Џејмс Камерон, но сега за продолжение од мегахитот од 2009 година, Аватар. Камерон моментно работи на планираните четири продолженија од таа франшиза, но засега не се знае во колку од нив Винслет ќе се појави. Продолженијата на Аватар се најавени за 2020, 2021, 2024 и 2025 година.

Извор – http://plusinfo.mk/

Сподели