Џаред Лето ќе го глуми Хју Хефнер

Холивудската ѕвезда Џаред Лето ќе се најде во улога на основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, објави „Холивуд рипортер“.

Биографскиот филм за Хефнер ќе го режира Брет Ратнер („Икс мен“, „Црвениот змеј“, „Херкул“). Хју Хефнер почина минатата недела на 91 година, а наводно Џаред Лето требало да го посети пред смртта, но заради неговото влошено здравје, средбата не се остварила.

Нема информација кога може филмот да се очекува во кината. Лето исто така глуми и во новиот „Блејд Ранер 2049“.

Извор – http://plusinfo.mk

Сподели