10 намирници кои треба да ги јадете (и пиете) доколку поголемиот дел од денот го поминувате седејќи

Седењето е новото пушење, предупредуваат докторите кои јасно зборуваат за тоа колку денешниот седечки начин на живот е штетен за нашето здравје, особено кога станува збор за предизвикување воспаленија во телото. За среќа, штетата може да се намали доколку на секој половина час станете и прошетате, редовно вежбате и ги консумирате овие намирници.

2-10-namirnici-koi-treba-da-gi-jadete-i-piete-dokolku-sedite-vo-pogolem-del-od-denot-www.kafepauza.mk_

1. Шумско овошје

Редовното консумирање на шумското овошје ги намалува воспаленијата во телото благодарение на флавоноидите кои воедно му даваат и богата темна боја. Боровинките имаат најголем процент од овие флавоноиди, а исто така се богати и со витамин Ц и ресвератрол, состојки кои исто така ги победуваат слободните радикали кои предизвикуваат воспаленија. За максимална ефикасност, додајте шумско овошје во утринското смуди, помешајте ги во салатата или комбинирајте ги со зобната каша заедно со бадемите.

2. Јаткасти плодови

Јатките се најбогатиот растителен извор на омега-3 масни киселини. Оревите имаат најмногу омега-3 масни киселини, додека бадемите се еден од најголемите извори на најдобриот антиоксиданс, витамин Е, кој ги штити клетките од оксидација што резултираат со воспаленија. Најздрава варијанта ќе биде доколку помешате неколку видови незаситени јаткасти плодови и семки.

3. Ананас

Ова овошје го содржи најдобриот ензим за борба против воспаленијата, бромелаин. Секој дел од ананасот ја содржи оваа вредна состојка, но најголем дел се наоѓа во стебленцето кое е прилично незгодно за јадење. Обидете се да го измешате горкото месо од самото јадро со слаткото место од ананасот за максимално да ги искористите бенефициите на ова егзотично овошје.

1-10-namirnici-koi-treba-da-gi-jadete-i-piete-dokolku-sedite-vo-pogolem-del-od-denot-www.kafepauza.mk_

4. Маслиново масло

Исто како лекот ибупрофен, така и маслиновото масло е одлична превентива за воспаленијата, спречувајќи произведување на ензимите COX-1 и COX-2. Најдобрата маснотија која ја познаваме, исто така го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и помага при слабеењето, но само доколку се консумира правилно. Затоа нека маслиновото масло биде вашиот прв избор на масло за приготвување на храната.

5. Куркума

Своите лековити својства куркумата ги должи на состојката куркумин, која е позната по своите антиоксиданси и моќни дејства против воспалеијата. Освен тоа, докажано е дека куркумата помага при слабеењето, а овој зачин особено е ефикасен за губење на масното ткиво на стомакот.

6. Лук

Бројни истражувања докажале дека лукот помага и таму каде што антибиотиците не можат, а најдобро е пред консумирањето да го згмечите, за сите негови лековите состојки максимално да се активираат. Помеѓу останатото, лукот помага во регулација на шеќерот и маснотиите во крвта.

7. Зелен чај

Благодарение на високиот процент на полифенол, зелениот чај има посилно дејство против воспаленијата во телото од кој било друг вид чај. Заедно со тоа, тој доста помага при слабеењето и одржувањето здрава телесна тежина. Заради тоа би требало да биде задолжителен дел во исхраната на секоја личност која поголемиот дел од денот го минува во седење.

3-10-namirnici-koi-treba-da-gi-jadete-i-piete-dokolku-sedite-vo-pogolem-del-od-denot-www.kafepauza.mk_

8. Авокадо

Авокадото се смета за најздравото овошје на светот. Тоа ги спречува воспаленијата во мускулните клетки, отпорноста на инсулин и создавањето масно ткиво на стомакот. Олеинската киселина е една од најздравите состојки во авокадото, а истражувањата докажале дека исхраната која е богата со таа мононезаситена маснотија спречува насобирање на масно ткиво околу стомакот. Додајте авокадо во салатата или сендвичот и уживајте во сите придобивки на ова овошје.

9. Риба која е богата со омега-3 масни киселини

Преработената храна (брз храна, бисквити и слично) содржи нездрави транс маснотии и растителни масла кои имаат висока концентрација на нездравите омега-6 маснотии, а ниска концентрација на здравите омега-3 маснотии. Луѓето јадат толку многу намирници кои се подготвени со растителни масла што исхраната на просечна личност има размер на омега-3 и омега-6 20:1, а би требало да биде 1:1. За да го зголемите внесувањето на здрави маснотии потребно е да го намалите консумирањето на брза храна и масла со лош квалитет, односно да го зголемите внесувањето на омега-3 масти. Масната риба како што е лососот е еден од најдобрите извори на омега-3 маснотии.

10. Ленено семе

Оваа намирница брзо оксидира, па за да ја јадете нејзината најздрава верзија, купете цели семки лен и здробете ги пред самото консумирање. Исто како лососот, така и семките лен се исклучително богати со омега-3 масни киселини, а истражувањето докажало дека редовното консумирање ленено семе или ленено масло ја подобрува способноста на организмот да ги преработи маснотиите.

Извор – http://www.kafepauza.mk

Сподели