Што мислат битолчани за досегашниот тек на кампањата

На средината од втората недела од  изборната кампања за претстојните локални избори граѓаните најмногу се информираат од вестите презентирани на телевизиите. Сметаат дека кампањата добро се одвива, а од новата локална власт очекуваат „се најубаво“.

Тече втората недела од изборната кампања за претстојните локални избор закажани за 10 октомври. Кандидатите секој според планираното ја промовира својата програма на различни начини. Граѓаните пак што денеска ги прашавме:  Како се информираат за претстојните избори?, одговорија дека најмногу се информираат од телевизиите.

Граѓаните , до сега кампањата ја оценуваат позитивно и велат дека има квалитетна кампања.

Од идната  локална  власт  граѓаните  очекуваат и се надеваат на подобар живот.

Желбите и очекувањата се едно,а ветувањата друго и дали ќе се поклопат eдното со другото останува да видиме по изборите.

Некои  можеби се одлучиле и веќе го знаат својот претендент. За оние што се уште не знаат кому да го дадат својот глас останува уште малку време за одлука.

Сподели