Ништо од снимање на трето продолжение на „Sex and the city“

Иако улогата Саманта Џонс и донесе планетарна популарност, Ким Катрал е главната причина поради која нема ништо од снимањето на третото продолжение на популарниот филм „Sex and the city“.

Како што откриваат блиски извори, продукцијата не можела да излезе во пресрет поради барањата кои ги поставила Ким Катрал.

По овој повод се огласи и Кристин Дејвис, која ја толкуваше улогата на Шарлот.

„Гледам слики од старите снимања на „Sex and the city“. Имав неверојатна среќа да ја играм Шарлот и да поминам низ сите нејзини неуспеси и успеси. Точно е дека нема да се снима трето продолжение. Би сакала да снимавме и на вистински начин да се заокружеше оваа приказна“, изјави актерката.

„Многу ме фрустрира што нема да успееме да оствариме прекрасен сценарио со сите вас. Затоа ќе ги имаме нашите спомени и ве молам имајте до знаење дека сме ви благодарни на љубовта која ни ја пруживте сите овие години. „Sex and the city“, засекогаш ќе остане во нашите срца“, напиша Кристин на социјалните мрежи.

Извор – //kajgana.com

Сподели