Откријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваат

Мароко е само неколку километри оддалечено од брегот на Европа, но сепак животот тече сосема поинаку во оваа земја. Мароко не само што е извор на највкусните мандарини во светот, туку е и место богато со стари традиции, архитектонски ремек-дела и неверојатни пејзажи. Прочитајте ги следниве интересни податоци за оваа земја и запознајте се со уникатната атмосфера што владее во волшебното Мароко…

1. Во Мароко се наоѓа најстариот универзитет во светот

Откријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваат

Најстариот универзитет во светот бил основан во 859 година од н. е. од страна на Фатима ал-Фихри, ќерка на богат трговец. За разлика од европската традиција, старите арапски универзитети не давале дипломи. Поентата била да се научи од индивидуални ментори. Дури во 1947, Ал Карауин станал „универзитет“ во европска смисла на зборот.

2. Има снег во Африка

Откријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваат

Во зима може да скијате, да се санкате, да бордате и да направите снешко во Мароко. Пријатниот скијачки центар Окајмеден е скриен во срцето на планините Атлас, на 74 километри од Маракеш. Снегот се задржува од декември до почетокот на април.

3. Голем број познати филмови и ТВ серии биле снимени во Мароко

Откријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваат

Убавината на локалниот пејзаж ги маѓепсува најпознатите филмски режисери во светот. Уште од успехот на легендарниот филм „Лоренс од Арабија“ (Lawrence of Arabia) во 1960-тите години, стотици високо буџетни проекти почнале да снимаат филмови во Мароко секоја година. Во 1983, земјата станала домаќин на едно од најголемите филмски студија во светот: Студиото Атлас. На филмските сетови во Атлас биле снимени „Гладијатор“ (Gladiator), „Александар“ (Alexander), „007: Спектар“ (007: Spectre) и култната ТВ серија „Игра на тронови“ (Game of Thrones).

4. Не смеете да фрлате леб во Мароко

Откријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваат

Мароканците јадат многу леб и сите му покажуваат голема почит на овој прехранбен производ. Семејствата никогаш не ги фрлаат остатоците од лебот, туку ги користат за да ја нахранат стоката со нив. Ако не чуваат домашни животни, стариот леб може да се замени со разни корисни работи, како на пример сапун или детергент.

5. Не смеете да истурате врела вода во лавабото

Откријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваат

Оваа забрана нема никаква врска со водоинсталациите. Мароканците веруваат дека во сите места каде што има вода (јавни бањи, чешми, одводи) живеат Џинови. Ако истурите врела вода во лавабото, може да налутите некој Џин. Токму затоа, секогаш треба да ја помешате со ладна вода пред да ја истурите.

6. Мароко е поблиску до Европа одошто мислите

Откријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваат

Гибралтарскиот Проток што ги одвојува Мароко и Европа е широк само 16 километри. Ако застанете на мароканскиот брег, ќе може да гледате како се движат возилата на шпанскиот брег. Освен тоа, двете шпански енклави Сеута и Мелилја се наоѓаат внатре во територијата на кралството. Тоа значи дека можете да завршите во Европа без да го напуштите Мароко!

Извор – http://www.kafepauza.mk

Сподели