Како да го подготвите автомобилот пред да тргнете на пат?

Годишните одмори и долгите возења се карактеристични за летниот период, па затоа е многу важно да обрнете посебно внимание на исправноста на вашиот автомобил.

kako-da-go-podgotvite-avtomobilot-pred-da-trgnete-na-pat-01.jpg

Еве на кои работите треба да внимавате:

Моторно масло

Пред да тргнете на пат, проверете дали треба да се замени моторното масло во зависност од километражата која планирате да ја поминете. Редовната замена на маслото ја подобрува чистотата и долготрајната работа на моторот. Маслото менувајте го најмалку еднаш годишно. Моторот обично троши од 0,05 до 1 литар на 1000 километри.

Проверувајте го нивото на моторно масло на секои 500-1.500 километри, водејќи сметка возилото да е во рамна хоризонтала.

Не заборавајте да го смените и филтерот и за секој случај, секогаш носете си дополнително шише моторно масло во автомобилот.

Гуми

Проверете ја состојбата на гумите и ако има потреба, однесете го автомобилот на вулканизер. Меките гуми при големи брзини може да се деформираат и да пукнат. Обавезно проверете ја и резервната гума и напумпајте ја. Прописно напумпаните гуми штедат гориво и овозможуваат сигурно возење, без проблеми.

Во летни услови, возете со летни гуми.

kako-da-go-podgotvite-avtomobilot-pred-da-trgnete-na-pat-02.jpg

Кочници

Неисправноста на кочниците е една од работите кои може да предизвикаат сообраќајна незгода. Задолжително проверете ги кочниците пред да тргнете на пат и ако има потреба, додајте течност во садот. Ако забележите дека често треба да се додава течност, тоа е знак дека има истекување во системот.

Користете квалитетна течност од проверен бренд.

Течност за миење на ветробранско стакло

Чистото ветробранско стакло е клучен фактор за сигурно возење бидејќи овозможува добра прегледност на патот. Задолжително проверете го нивото на течноста за миење на ветробранското стакло и ако има потреба, додадете.

Акумулатор

Акумулаторите не се оптоварени само во зимата, туку и во текот на летото. Водата во топлите денови брзо се губи од сулфурната киселина, па како последица се јавува помал напон. Пред да патувате, проверете го нивото на електролити и по потреба додајте дестилирана вода до пропишаното ниво.

Дополнителни совети:

За безгрижно патување, проверете ги и сијаличките и носете си резервни со вас.

Не заборавајте алат за замена на гуми, противпожарен апарат и прибор за прва помош.

Извор – http://www.crnobelo.com

Сподели