Дали знаевте дека култниот „Буба“ автомобил е резултат на воената пропаганда на Хитлер?

Постои некој кој не го знае автомобилот Волксваген Буба? Дури и модерната верзија на овој модел најчесто нé потсетува на живи бои и младешка слобода.

Dali-znaevte-deka-kultnata-Buba-e-rezultat-na-voenata-propaganda-na-Hitler-01.jpg

Бубата претставувала симбол на хипи-движењето, а и новите модели најчесто ги возат млади луѓе со уметничка душа. Но, зачетоците на овој дизајн се всушност резултат на воена пропаганда.

Идејата за Волксваген (народна кола) се јавува како пропагандна алатка на Третиот Рајх, односно под надзор на Адолф Хитлер.

Тој му нарачал на дизајнерот Фердинанд Порше прототип за автомобил наменет за „типичното“ ариевско семејство. Автомобилот требало да собира двајца родители и три деца, да троши помалку од 7 литри на 100 километри и да достигне брзина од 100 километри на час.

Меѓутоа многумина веруваат дека оригиналниот дизајн за легендарната „Буба“ е дело на инженерот со еврејско потекло, Јозеф Ганц. Прототипот на Ганц бил наречен „мајски бумбар“ и требало да биде произведуван во чешката фабрика за автомобили Татра. Порше јавно признал дека го копирал дизајнот, но во меѓувреме Ганц бил уапсен од Гестапо, а Татра морала да ја отфрли тужбата по инвазијата на Германија во Чешкословачка.

Dali-znaevte-deka-kultnata-Buba-e-rezultat-na-voenata-propaganda-na-Hitler-02.jpg

Dali-znaevte-deka-kultnata-Buba-e-rezultat-na-voenata-propaganda-na-Hitler-03.jpg

Првите модели биле произведени во 1939 година и биле автомобили за елитата и покрај тоа што првобитно било замислено да чинат колку еден мотоцикл. Сепак, војната си го земала својот данок и при бомбардирањето настрадала и фабриката. За среќа британскиот мајор Иван Хирст сметал дека Волксвагенот ветува како идеја за автомобил и веќе во 1946 се произведувале по 1000 волксвагени месечно.

Dali-znaevte-deka-kultnata-Buba-e-rezultat-na-voenata-propaganda-na-Hitler-04.jpg

Првите „Буба“ модели биле нарекувани Тип 1 и имале 1,1 литарски мотор со воздушно ладење. Автомобилот го добил својот познат прекар „Буба“ токму од германската јавност кои го нарекувале Kafer.

Човекот кој се смета за спасител на бубата е Хајнц Нордоф. Тој во 1949 година бил назначен за одговорен во фабриката на Волксваген и со механизацијата на производната линија во фабриката успеал да стигне до бројка од еден милион произведени автомобили до 1955 година.

Како што растела популарноста, така и „Бубата“ еволуирала, па така во 1960 година се појавува и модел со 1,6 литарски мотор и 60 коњски сили. Моделот достигнува толкава популарност што до 1972 год. биле продадени преку 15 милиони автомобили, а истиот модел се произведува до 1980 година, додека пак во фабриката во Мексико последниот модел се произвел дури во 2003 година.

Dali-znaevte-deka-kultnata-Buba-e-rezultat-na-voenata-propaganda-na-Hitler-05.jpg

Dali-znaevte-deka-kultnata-Buba-e-rezultat-na-voenata-propaganda-na-Hitler-07.jpg

Сепак некои идеи се премногу силни за да згаснат, па така во 1997 почнува да се произведува „новата Буба“ базирана на голфот, но со старата препознатлива форма.

06.jpg

Во 2012 година излегува засега последниот модел на Волксваген „Буба“ со стилизиран модерен и поаеродинамичен изглед.

Dali-znaevte-deka-kultnata-Buba-e-rezultat-na-voenata-propaganda-na-Hitler-08.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com

Сподели