Футуристички автомобили коишто можете да ги купите денес

Најголем дел од љубителите на автомобили ќе ви кажат дека сакаат да имаат автомобил со специјализирани гуми и бандажи, одлично подесен мотор и суспензија којашто ќе може да ги издржи и најлошите патишта. Но помеѓу автомобилски ентузијасти понекогаш се појавува и уште едно нешто кон кое што се стремат, но ретко го спомeнуваат.

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-01.jpg

Без разлика дали ќе ви признаат или не, дури и најфанатичните љубители на автомобили ќе ви признаат дека сакаат да гледаат возила коишто се како излезени од научно-фантастичен филм.

Лесно е да се види зошто е тоа така. Ова се автомобили кои се истовремено атрактивни и фасцинантни, а не ви треба посебно знаење од областа на механиката за да им се восхитувате.

Има нешто импресивно во звукот на јакиот автомобилски мотор којшто ви доловува како би звучело кога би учествувале во војна на ѕвездите.

Овие возила се врвот на модерната механика и инженерство и ве тераат да се запрашате која е границата до којашто може да нè однесе човечката инвентивност.

Иако овие возила се во мал број и изгледаат како да припаѓаат на паркинг во годината 2900-та, сепак тие денес постојат и може да ги купите… доколку имате доволно пари за нив.

Koenigsegg One:1

Овој автомобил е легенда помеѓу автомобиските ентузијасти благодарение на неговата способност да постигне брзина од над 430 км/ч со 1161 коњска сила во стандардната изведба.

Брзината и забрзувањето на овој автомобил му пружаат на возачот искуство коешто најлесно би го споредиле со возење во борбен вселенски брод како X-wing од серијалот Војна на Ѕвездите.

Ова чувство дополнително е нагласено од надворешниот изглед на атвомобилот со специјални врати кои се отвараат во стилот на ламборџини, карбон-керамичките сопирачки, елегантните линии на каросеријата, а особено со изгледот на ауспухот којшто повеќе шанси има да го најдете на вселенски брод од филм од осумдесетите, отколку на некој друг стандарден автомобил денес.

Сепак чувството на возење на вселенски брод најмногу се доловува кога ќе седнете внатре опкружени со тркачки седишта, детали нагласени со неон бои и контролна табла како извадена од научно фантастичен филм.

Цената за да се чувствувате како пилот на вселенски брод е 2,9 милиони долари за основниот пакет.

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-02.jpg

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-03.jpg

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-04.jpg

Spania GTA Spano

Малку познатиот суперавтомобил се гордее со одличите состојки замешани при неговото создавање, како што се: титаниумски легури, карбон фајбер елементи и шасија изработена целосно од кевлар.

Но материјалите не се единственото нешто што го прават овој автомобил футуристички. Дури ни фактите дека има максимална брзина од 340 км/ч, ниту пак моторот којшто развива од 0-100км/ч за помалку од 3 секунди, не се она што го прават да се чувствувате како да сте во иднината.

Она што ќе ве однесе директно во иднината е аеродинамичниот екстериер офарбан да потсетува на научно-фантастичниот филм „Трон“, силно осветлената контролна табла со ЛЦД монитор и менувањето на брзините со помош на копче.

Доколку го сакате ова модерно достигнување на автомобилската индустрија ќе мора малку да се помачите, бидејќи годишно се произведуваат само 99 вакви автомобили, а цената им е преку 750.000 долари и се очекува да расте.

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-05.jpg

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-06.jpg

W Motors Lykan Hypersport

Не треба да сте особен познавач на автомобили за да заклучите дека овој автомобил е намерно направен да има што е можно пофутуристички изглед. Каросеријата со органско-кутиест и заоблено-аглест изглед е она што ги тера луѓето да се запрашаат дали гледаат во вистински автомобил или во 3Д модел излезен од компјутерски програм.

Кога ќе седнете внатре во автомобилот, ќе бидете изненадени од првата контролна табла во светот којашто има холографски дисплеј којшто е целосно интерактивен. Со други зборови, инженерите успеале да го стават диспејот од серијалот Ѕвездени Патеки директно во овој автомобил.

Со оглед на ова не треба да сме зачудени дека само 7 вакви автомобили се произведуваат годишно, а цената им е околу 3,4 милиони долари.

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-07.jpg

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-08.jpg

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-09.jpg

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-10.jpg

Devel Sixteen

На прв поглед овој автомобил изгледа како да не е вистински, туку како да е сценографија од најновиот научнофантастичен трилер со тркачки коли. Сепак овој автомобил постои и е меѓу најбрзите автомобили во светот со максимална брзина од 560км/ч.

Уште при прв поглед на екстериерот добивате впечаток дека е мешавина од спејс шатл и Ферари, а внатрешноста е исто толку футуристичка. Сепак малку се знае за овој суперавтомобил, бидејќи само еден е направен и продаден до сега.

Во иднина се очекува да продолжи производството, а цената треба да биде околу 4 милиони долари.

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-11.jpg

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-12.jpg

Lamborgini Egoista

Ова е најверојатно најскапиот автомобил во оваа листа со цена од 117 милиони долари, но затоа и најлесно ќе ве однесе во иднината уште на прв поглед.

Овој автомобил е буквално инспириран од борбен авион и има елементи од дизајнот на борбените авиони коишто се среќаваат и во машинеријата и во ентериерот и во надворешниот дизајн.

Надворешниот дизајн е целосно футуристички и е со единствена цел да е што е можно поаеродинамичен, а притоа да не полета при големи брзини. Затоа ова возило има пилотска кабина наместо возачко седиште и е најблиску до тоа како би изгледало да имате сопствен вселенски брод.

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-13.jpg

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-14.jpg

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-15.jpg

Gibbs Quadski

Компанијата Гибс е специјализирана за изработка на амфибија возила и во минатото имале и други возила коишто изгледале како излезени од научно-фантастичен филм.

Најпопуларното возило од оваа фирма е амфибија којашто има тркала кои се собираат и врвна џет опрема за возење по вода. Иако не е возило коешто може да го регистрирате, сепак може да го купите и да го возите низ планини и по вода.

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-16.jpg

Futuristicki-avtomobili-koi-moze-da-gi-kupite-uste-denes-17.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com

Сподели